Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот претседател Емануел Макрон како најлоши досега.

На прес-конференцијата што ја одржа заедно со претседателот на Агенцијата за атомска енергија, Мас рече дека германската Влада е солидарна со својот европски сосед во борбата против исламскиот екстремизам.

Ердоган изминатиот викенд го критикуваше претседателот на Франција за неговиот однос кон муслиманите, велејќи дека тој се „изгубил“.

Back to top button
Close