Масакр во болницата Камал Адван во Газа – 108 мртви, брзата помош не можела да стигне до местото поради нападите

Според Министерството за здравство на територијата контролирано од Хамас, во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа лежат 108 мртви тела, а некои не се побарани…

 

Израелските трупи напредуваат кон објектот, со силни истрели и експлозии околу неговата близина во последните 24 часа. Новинарот кој се нашол во болницата, Махмуд Ал-Сабах, во вторникот испрати видео на Си-Ен-Ен од околу 30 тела покриени со бели чаршафи во дворот.

Уште неколку тела биле натрупани на количка бидејќи, како што рече, возилата на брзата помош не биле во можност да работат во областа. Не е јасно колку долго телата биле таму, но тој рече дека членовите на семејството се обидуваат да ги идентификуваат најблиските.

Според генералниот директор на Министерството за здравство, Мунир Ал Бурш, околу 7.000 Палестинци бараат засолниште во рамките на болницата. Ал Бурш нагласи дека нападите на израелската армија во околината на болницата веќе резултираа со смрт на 108 цивили и многу други ранети.

Само четири болници работат во северниот дел на Газа и околу 55 амбулантни возила се надвор од употреба, рече Ал-Барш. Тој, исто така, тврди дека додека 400 повредени луѓе можеле да ја напуштат Газа преку преминот Рафах, повеќе од 40.000 повредени останале во Појасот.

Во аудио порака испратена од болницата до Си-Ен-Ен, Ал-Сабах рече дека установата е опколена.

„Ситуацијата е многу опасна и [има] силен оган од огнено оружје. Израелските тенкови и возила напредуваат кон болницата и се на еден блок подалеку“, рече Ал-Сабах. Додека зборуваше, во позадина се слушаше силен оган, пренесува Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close