Маск не се појави на суд, продолжи со таканаречената лотарија за гласачи

Американскиот милијардер Илон Маск денеска не се појави пред суд во Филаделфија на сослушувањето поврзано со тужбата што ја поднесе обвинителот Лери Кразнер против бизнисменот поради таканаречената лотарија за американските гласачи.
Маск требаше лично да се појави на сослушувањето. Непојавувањето на суд може да доведе до тоа да биде осуден за непочитување на судот.

Џон Самерс, адвокат кој работи со Кразнер, рече дека Маск „не се појавил“ на суд утрово.Тој рече дека вчера милијардерот и неговиот тим „поднеле правни документи за префрлање на случајот од овој суд на федералниот суд“.

Самерс рече дека прво ќе оди до федералниот суд и ќе ги разгледа тамошните прашања и ќе побара случајот да се врати на државниот суд.

Маск ја игнорираше правната драма и продолжи со таканаречената лотарија за американските гласачи.

Тој утринава го објави новиотпобедник на наградната игра на неговата платформа X, приближно во исто време кога требаше да се појави на суд.  з

Back to top button
Close