Меџити: Почнува процедура за создавање нов заеднички политички субјект од коалицијата ВЛЕН
Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити најавил отпочнување на процедури за создавање нов заеднички политички субјект од коалицијата ВЛЕН. Според него, овој субјект ќе има консолидирана структура, со седиште, информативен центар, кандидати, програма и листа на заеднички советници.
„Од следната недела ќе започне процедурата за формирање на политички субјект ВЛЕН, кој ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници“, изјавил Меџити.
Тој додал дека иако имињата на кандидатите за градоначалници на престојните избори се уште не се дефинирани, тоа не претставува проблем, бидејќи, како што вели, главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.
„Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите кои бараат спојување на ВЛЕН во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на ВЛЕН. Ме интересира концептот. Не е важно кој ќе биде претседател“, рекол тој во интервју за „Телеграфи Македонија“ и нагласил дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.