Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин.

Судот тврди дека рускиот претседател е одговорен за илегалната депортација на деца од окупираните територии на Украина во Русија, што е воено злосторство. Според официјалното соопштение на судот, постојат „разумни основи да се верува дека г-дин Путин сноси индивидуална […] одговорност“.

Судот, исто така, издаде налог за апсење на руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова за нејзината наводна улога во истите злосторства.

Back to top button
Close