Медведев го спореди својот настап во Ролан Гарос со љубовна приказна

Нов скандал го потресе УС Опен - МИА

 Рускиот тенисер Данил Медведев објави пост на Инстаграм за неговото заминување од Ролан Гарос.

– Беше како љубовна приказна. До следната година, Ролан Гарос, напиша Медведев.

Ноќеска Медведев загуби од Гркот Стефанос Циципас (3:6, 6:7 и 5:7) во четвртфиналето на Грен слемот во Париз.

За 25-годишниот Русин овој перформанс беше најдобар во кариерата на Грен слем турнирот на земјен терен. Пред тоа, Медведев никогаш не беше во можност да го надмине првиот круг на Ролан Гарос.

Back to top button
Close