Мела. Непочитувањето на мерките го разгоре повторно корона вирусот во Дебар

Повторната појава на заболени од Коронавирус во општина Дебар по повеке од 50 дена  од  првите болни  на почетокот на март  е поради непочитување на мерките  на владата. Ова за Либертас го изјави раководителот на единицата на центарот за јавно здравје во Дебар епидемилогот Ментор Мела. 

-И покрај тоа што првите болни од овој вирус во нашава земја  беа регистрирани во Центар Жупа и Дебар максималната дициплина во почитувањето на мерките за заштита даде одличен успех и двете општини околу два месеци немаа болни – истакна Мела и додаде дека оваа дициплина во втората фаза не е на ниво што резултира со појава за само една недела на пет новозаболени и над 15 изолирани лица за кои се очекува резултати од тестирањето односно земањето на брисот.

Раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар епидемилогот Ментор Мела  остро реагираше на објавувањето на неофицијални информации од страна на одредени централни медиуми  и локални портали за  состојбата со Коронавирусот во Дебар.

-Оваа недолична појава се повторува во континуитет бидејќи се објавуваат неофицијални информации  со што фактички се создава  недоверба кај населението кон официјалните информации кои се објавуваат од страна на надлежните институции во земјава – рече Мела и додека дека тоа треба да се стопира од институциите  бидејќи истата создава хаос во довербата кај населението.

За жал објавени се и од страна на државни медиуми и покрај тоа што јасна е информацијата на надлежните дека медиумите треба да пренесуваат само точни информаци од надлежни институции , нагласи Мела , кој е првиот епидемилог кој ги откри првите случаи на болни од Ковид 19 во општина Центар Жупа на 26 февруари а потоа и во Дебар на 3 март  годинава .

 

КМ

Back to top button
Close