Меланија Трамп не присуствуваше на свадбата на синот на Трамп – позната причината за отсуството
Меланија Трамп не присуствуваше на луксузната свадба на Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон која се одржа изминатиот викенд на Бахамите. Иако официјално не се соопштени причините, упатени извори тврдат дека нејзиното отсуство е резултат на долгогодишната дистанца со децата на американскиот претседател од неговите претходни бракови

Инсајдер за веб-страницата Naughty But Nice на Роб Шутер открива дека односите во семејството се затегнати зад затворени врати.
“Меланија не сакаше да го помине целиот викенд со децата на Доналд од неговите претходни бракови“, вели изворот, додавајќи: „Таа тензија постои со години, дури и ако никој јавно не зборувал за тоа“.
Според истите информации, сопругата на Трамп е емоционално дистанцирана од Иванка, Тифани, Ерик и Доналд помладиот, уште од сопствената венчавка со милијардерот во 2005 година. Од овој брак тие го имаат синот Барон, додека Доналд Трамп ги има трите најстари деца со поранешната сопруга Ивана, а ќерката Тифани од бракот со Марла Мејплс.
Свадбената прослава ја пропушти и синот на Меланија, Барон Трамп, за кого изворите тврдат дека исто така нема близок однос со своите полубраќа и полусестри.
„Барон порасна во сосема поинаков свет од Дон помладиот, Ерик, Иванка и Тифани. Постои емоционална дистанца и сите во семејството го знаат тоа“, тврди друг извор.
На свеченостите не присуствуваше ниту американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку својата социјална мрежа Truth Social потврди дека останува во Вашингтон поради државнички обврски






