Мемети за метежот на ГП „Блаце“ – Ако се почитуваат мерките, колоните не се проблем

 


Доколку граѓаните се придржуваат со антиковид мерките, како што се држење дистанца и носење маска, тогаш долгите колони на Граничниот премин „Блаце“ нема да претставуваат проблем. Вака одговори директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, на прашањето – дали се очекува Комисијата за заразни болести да ја разгледа можноста за враќање на ПЦР тест за Косово. Како што вели Шабани, долгите колони можат да станат загрижувачки доколку поради нив се прошири вирусот Ковид-19 меѓу државјаните на Косово и Северна Македонија.

„Ако веќе границите се отворени со Р.Косово, тогаш луѓето треба да бидат внимателни. Да не дојде до пренесување на болеста меѓу нашите граѓани со граѓаните од Косово, и обратно. Секој кој патува, треба да ги почитува мерките и препораките“, посочи Шабан Мемети.

За долгите колони се дискутираше и на владина седница. Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, рече дека снимките од граничниот премин „Блаце“ се загрижувачки и повика граѓаните да не ја злоупотребуваат границата. Како што додава, новиот бран е поагресивен, додека болничките капацитети се пополнуваат. Но, од Институтот за јавно здравје смируваат, уверувајќи дека ги поседуваат сите неопходни капацитети за справување со новиот бран.

– Реклама –

„Имаме лабораториски капацитети, ги имаме потребните реагенси за откривање на Ковид-19 и одредени епидемиолошки проценки“, додава Мемети.

Во емисијата „10 Минути“, Мемети говореше и за новиот извештај на Институтот, каде беше нотирано дека последните заразени се токму младите, па затоа им испрати апел – да одат на забави, но исклучиво почитувајќи ги донесените мерки.

ТВ21

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close