Мерц не ја исклучува можноста за реконструкција на кабинетот откако неговиот клучен сојузник поднесе оставка

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска најави дека би можел да размисли за реконструкција на кабинетот откако неговиот клучен сојузник Јенс Шпан поднесе оставка под „политички притисок“ од местото лидер на конзервативната пратеничка група (фракција) на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот, објави ДПА.

„Ова би можело да биде можност да се преиспита составот на федералната влада“, изјави Мерц за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ. Тој нагласи дека зборува хипотетички.

Одлуката на Шпан да има дете преку сурогат мајка во Соединетите Американски Држави предизвика реакција, бидејќи сурогат мајчинството е забрането во Германија.

И Мерц и Шпан се членови на ЦДУ, која остро го отфрла сурогат мајчинството. Шпан претходно беше министер за здравство од редовите на ЦДУ. Тој и неговиот сопруг, Даниел Функ, објавија во средата дека „станале родители преку сурогат мајчинство“.

Мерц одби да коментира кога беше прашан дали Торстен Фрај, неговиот шеф на кабинет, би можел да го замени Шпан. За време на неговото традиционално летно интервју со Зет ДФ, канцеларот рече дека одлуката ќе биде донесена наскоро, иако времето не го притиска, бидејќи парламентарната група сè уште може да работи, доколку е потребно, за време на летниот одмор.

Back to top button
Close