Месецотот на Франкофонијата ќе се отворен со гала филмска проекција на „Грофот од Монте Кристо”

Месецотот на Франкофонијата 2025, ќе биде отворен со гала филмска вечер, со премиерата на филмот „Грофот од Монте Кристо” (2024), која ќе се одржи в петок, 7 март 2025, во 19 часот, во кинотот Синеплекс – Скопје Сити Мол.

Настанот свечено ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, а по проекцијата следи коктел. По премиерата, филмот ќе се прикажува во „Синеплекс” на редовниот репертоар, од 8 март 2025.

„Грофот од Монте Кристо”, во режија на Матјe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје во главните улоги, за првпат беше прикажан на минатогодишното издание на Канскиот фестивал, надвор од конкуренција, а има повеќе од 10 милиони продадени билети само во Франција во 2024 година.

За филмот, француските медиуми напишаа:

„Сцените се нижат пред очите на гледачот, небаре страници од роман од кој не сакаме да пропуштиме ниту една испишана реченица.” (Ле Монд)

„Апсолутен успех е оваа нова адаптација на уште еден роман на Александар Дима. Универзална и популарна приказна за одмазда, на која актерите, предводени од Пјер Нине, ѝ даваат вистинска драматуршка длабочина.” (Ла Воа ди Нор)

„Филмот трае речиси три часа, но додека трае оваа приказна, возбудата не спласнува. Исклучителниот актер Пјер Нине е актер-камелеон, Бастиен Бујон, Анаис Демустје и Лоран Лафит се извонредни, а Анамарија Вартоломеј има магнетна привлечност. ” (Ле Паризиен)

Настанот се одржува со поддршка на Скопје Сити Мол, Синеплекс и аптеките Зегин

Back to top button
Close