Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртва, раскажува девојче од училиштето во Белград
-Почна да пука по случаен избор, легнав врз двајца наши пријатели за да помисли дека и јас сум мртва – вели ученичка од ова училиште, која присуствувала на крвавиот пир во училиштетот во Врачар. Вооруженото момче влегло на час по историја.

„Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво ја застрелал наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца соученици, јас бев легната преку нив за да мисли дека сум мртва. Излезе од училницата, уште се слушаа истрали, рекло девојчето.






