МИА доби нов директор – Дарко Јаневски

Десет месеци по промената на власта државната агенција МИА доби нов директор и претседател на Управниот одбор. Тоа е новинарот Дарко Јаневски, кој со години е идеолошки многу близок со сега владејачката партија.

Јаневски има работено во неделникот „Фокус“, во „Нова Македонија“, во „Вечер“. Во неговата кариера беше главен и одговорен урендик на „Дневник“ од од 2013 до 2017 година, кога весникот имаше изразити антиевропски и антиамерикански ставови и беше гласноговорник на тогашната влада на Никола Груевски. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен“.

Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска-Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генералниот сервис на вести. Арсовска-Гацова беше член на Управниот одбор и во претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.

Back to top button
Close