Мицкоски: Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

„Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес.

Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода.

Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата.

Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа.

Борбата трае – потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел.

Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни.

Борбата не е завршена!

 

Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина.

 

Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска.

 

Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина.

 

Нека е честит и вековит Илинден“ напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

0

претходна вест

СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија

Поврзани новости

СДСМ: Срамно е да има три верзии од…

02.08.2024

Груби: Косово, прости ни!

02.08.2024

Бајден: Убиството на лидерот на Хамас нема да…

02.08.2024

Новиот потег на Орбан ја налути ЕУ, испратија…

02.08.2024

Претседателката Сиљановска Давкова по повод Илинден: Да ни…

02.08.2024

Ердоган го прогласи 2. август за Ден на…

02.08.2024

Македонија празнува 121 година од Илинденското востание и…

02.08.2024

Сончево и многу топло, попладне со мала до…

02.08.2024

Кабинетот на Османи со обвинувања за аеродромски службеник…

02.08.2024

Русија и Западот ја извршија најголемата размена на…

01.08.2024

 

 

 

 

 

 

 

АктуелноКолумниДефокусAрхиваИмпресумКонтакт

@2020 – All Right Reserved. Hosted with ❤ by Host.mk

 

 

Back To Top

Фокус

 

 

Во фокус

Актуелно

Свет

Лајф

Спорт

Колумни

Архива

 

Back to top button
Close