Мицкоски: Наскоро ќе имаме средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри дека наскоро ќе има средба со министерот и лидер на едното крило на АА, Арбен Таравари за односите во владината коалиција.

„Па, ќе се случи, да“, одговори премиерот на новинарско прашање.

Запрашан каква е состојбата во владините редови, Мицкоски кратко рече „одлична“, при посетата на општина Кавадарци.

И додека се чека на разговорот меѓу Мицкоски и Таравари, ВМРО–ДПМНЕ коментира дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче треба да си поднесе оставка, бидејќи води партија синоним на предавства, неспособност и криминал.

„Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и светот. Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад“, велат од партијата.

И додека сите комбинаторики се во игра, ВЛЕН ја тера сопствената агенда, без Таравари, преточувајќи се во една партија со единствени партиски тела. Бараат крилото на Алијанса на Таравари да не биде повеќе дел од владините редови.

Back to top button
Close