Мицкоски: Првиот возможен датум за избори е средината на јули

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција го повика Претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и да се изработат протоколи за избори.

Мицкоски рече на прес конференција дека првиот можен датум за избори е средината на јули. Тој се обрати до претседателот на СДСМ , Зоран Заев да не прават притисоци за избори.

Тој рече дека средината на јули е време додека се изработат протоколи , а потоа и да дојде и мисија на ОБСЕ/ОДИХР . 5- ти јули не е опција за ВМРО-ДПМНЕ , рече Мицскоски и додаде дека тоа се двете барања.

Она што е побарано од ОБСЕ/ОДИХР се оценувачи , а не набљудувачи , зашто тие не можат да пристигнат на време за 5- јули. Затоа не доаѓа предвид ниту 8-јули.

Back to top button
Close