Видео-Мицковски за министерката со бугарско државјанство-Среќен сум што ја имам Сања, таа е европски експерт, прашувајте ме за нашите дела не за вакви работи

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска не криела дека има бугарско и чешко државјанство и посочи дека функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за се што правеле.

-Не би се согласил дека криела од јавноста. Инаку, во биографијата не гледам причина дека треба нашиот матичен лист да го ставиме и се што сме правеле. Еве јас имам 46 години, затоа што ако напишев во биографијата се’ што сум правел претпоставувам неколку тома ќе беа, така што сакам да ви кажам дека како Влада остануваме отворени кон јавноста. Тоа е нашата политичка определба. Вие новинарите сте наши партнери и ние сме подготвени да одговориме на вашите прашања. Ве молам, ценете ја нашата работа според делата, да ги оставиме политичките игри настрана. Разбирам дека има центри коишто сакаат ова да биде интерес, а не работата на новата Влада, да биде интерес кој имал, кој кому намигнал, кој зошто вака кажал, така кажал, а да не биде интерес пола милијарда евра градинка, училиште, сала, реформи итн.. Разбирам дека има и такви центри, но јас би сакал да зборувам повеќе за вакви проекти какви што се денес, рече премиерот кој заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски присуствуваа на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка во населбата Бутел 2.

На повтореното новинарско прашање дали министерката има двојно или тројно државјанство и зошто криела, Мицкоски нагласи дека не се согласува со констатацијата на новинарката и ја упати да побара одговор од лицето за кое прашува.

-Не се согласувам со вас дека ја манипулира јавноста. Ќе го побарате одговорот од лицето за кое што прашувате. Јас можам да кажам дека Сања е исклучителен експерт и европски експерт и сум среќен што ја имам како соработник во мојот тим, рече Мицкоски.


Македонка со „българско национално съзнание”
Сања Божиновска можеби секогаш се чувствувала како Македонка, како што изјавила за ТВ Канал 5, но кога побарала и добила бугарско државјанство, морала да стави потпис на изјава дека има бугарско национално сознание.

Дополнително, барателот на бугарско државјанство изјавува и дека има бугарско потекло, притоа наведувајќи ги своите предци Бугари. Факсимилот подолу е дел од изјавата која се потпишува како дел од барањето за бугарско државјанство.

Back to top button
Close