Михаилова за БНТ- Сакала пеку конференциска врска да учествува на денешното судење во Кочани ама судот ја одбил

По гостувањето во поткаст, во кое наведе серија навреди кон Македонија и обвинувања за дискриминација кон неа, 23-годишната Ива Михаилова, даде интервју за Бугарската национален телевизија (БНТ) во кое, исто така изнесе сериозни обвинувања за психичко малтретирање следење и нелегални претреси од страна на македонските полициски служби додека престојувала во Кочани. Против Михаилова која избега во Бугарија, во Основниот суд во Кочани се води судска постапка за сообраќајка со смртни последици. Таа во изјава за БНТ информираше дека нејзиниот адвокат веќе доставил барање до кочанскиот суд да се овозможи таа да учествува на следното рочиште, закажано за денеска, преку видеоконференциска врска.

Back to top button
Close