Миланска Ла скала повторно отворена

– Оперската куќа Ла скала во Милано синоќа повторно ги отвори вратите, со ограничен број гледачи, откако седум месеци беше затворена поради пандемијата на коронавирусот.

Членовите на оркестарот и хорот под заштитни маски изведуваа арии од опери на Џузепе Верди, Рихард Вагнер и други познати композитори. Тоа го следеа околу 500 гледачи на ложата, додека долниот дел од театарот остана празен.

Концертот го одбележа дебито на норвешката сопрано-певица Лиса Давидсон, а заврши со петминутни овации и бис на аријата „Хорот на Евреите“ од операта „Набуко“ на Верди.

– Ова е нов почеток не само за Ла скала, туку и за цела Италија!, рече уметничкиот директор на операта во Милано, Доминик Мајер.

Концертот ја одбележа и 75-годишнината од повторното отворање на Скала по паузата при бомбардирањето во Втората светска војна.

Back to top button
Close