Миле Зечевиќ се гледа на местото на Заев во партијата
Поранешниот советник на премиерот, Зоран Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ вели дека се гледа на лидерското место на СДСМ на местото на Зоран Заев, но не и на местото премиер, објави Зечевиќ на дебата на ТВ 24.
Тој смета дека поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на владата.
-Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Единствено тоа ми е битно и битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер, вели Зечевиќ.
Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.
-Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години, рече Зечевиќ.