Минчев: Не се подготвуваме за кревање на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија

Бугарската влада не се подготвува да го укине ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Ова го изјави претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, за БНТ.

„Ова е тема која многу погодно може да се искористи за политички цели. Нема вистинска причина да се тврди дека ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија. Ставот на Бугарија по ова прашање е јасен и очекуваме имплементација на Договорот за добрососедство и другите договори“,

изјави Минчев.

Инаку, во петокот бугарскиот премиерот, Кирил Петков, во видео-обраќање побара од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност. Тој ги повика партиите, службите и шефот на државата повторно да разговараат за бугарското вето против почеток на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Ова наиде на различни реакции кај политичките партии од владината коалиција. Некои поддржаа свикување на Советот, други се противат. Сепак, повеќето сметаат дека свикувањето на Советот нема да го промени ставот на Бугарија за ова прашање

Back to top button
Close