Минималната плата повисока за 2.400 денари од април

Повисока минимална плата за 2400 денари од идниот месец за околу 60.000 вработени од јавниот сектор , вклучувајки ги и оние кои ќе имаат усогласување согласно колективните договори, беше утврдено на вчерашната седницата на Економско социјалниот совет.

Со ова минималната плата за месец март ќе изнесува 22.567 денари. Ова на својот фејсбук профил го објави и Министерот за економија Крешник Бектеши кој напиша дека ова е бенефит за работниците.

Според методологијата на Министерсвото за труд и социјала прилагодувањата на минималната плата се одраз на промените на просечната заработка и на трошоците за живот.

„Согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата за претходната година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“ – велат од МТСП.

Иако синдикатите ја поздравија оваа одлука, тие изразуваат загриженост во делот на усогласувањето на минималните плати согласно колективните договори. Според Претседателот на КСС Благоја Ралповски во минатите усогласувања на платите низ годините Законите не биле целосно испочитувани и апелира овојпат тоа да не се повтори.

Back to top button
Close