Министерот Николоски кај Јанев пријави можен криминал во две претпријатија

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави дека кај директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев пријавил можен криминал во јавните претпријатија Железници Инфраструктура и Државни Патишта.

„Денес во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност“, објави Николоски.

Министерот додаде дека „ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал“.

Back to top button
Close