Министерот за здравство на Австрија предупредува: Можни се 80.000 нови инфекции со Ковид-19

 Министерот за здравство на Австрија, Јоханес Раух, предупреди дека пандемијата на коронавирусот не е завршена и дека наесен Австрија може да се соочи со 80.000 новозаразени лица дневно.

Според досегашните планови, нема да има ново „заклучување”, но речиси сигурно е дека ќе се врати обврската за носење маски.

Австријците до крајот на годината имаат право на 5 ПЦР и антигенски тестови бесплатно месечно.

На лицата постари од 65 години или на членовите на ризичните групи им се препорачува сега повторно да се вакцинираат, а петтата доза да ја примат наесен.

Прогнозите на градот Виена се дека во јуни ќе започне нов бран зарази, на што укажува драстичниот раст на новозаразените за околу 70 отсто на крајот на оваа недела

Back to top button
Close