Митскиот стадион „Ацтека“ се реновира за Мундијалот 2026

Градските власти на мексиканската престолнина Мексико Сити објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион „Ацтека“ ќе се одржи во март следната година.
Стадионот ќе биде преименуван во „Естадио Сиудад де Мексико“,.
На „Ацтека“ стадионот, кој беше домаќин на мундијалските финалиња во 1970 и 1986 година, ќе биде одигран првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година на 11 јуни следната година.
Домаќини на СП, покрај Мексико, ќе бидат САД и Канада.
Стадионот ќе биде модернизиран со нови соблекувални, подобрени простори за ВИП гости и зголемен капацитет, но сè уште не е познато колкав капацитет ќе има

Back to top button
Close