Млади европски приказни, млади креативци“ – фестивал посветен на детската креативност и книжевноста за деца – од 30 мај до 6 јуни во Скопје

Од 30 мај до 6 јуни, на пет локации во Скопје, ќе се одржува книжевната и творечка манифестација за деца и млади „Млади европски приказни, млади креативци“, во организација на издавачката куќа Чудна шума.

На фестивалот ќе земат учество повеќе македонски автори и илустратори за деца и неколку издавачки куќи, а фокусот на фестивалот ќе бидат креативните работилници за деца и млади со различни возрасти, промоции, читања и претставувања на книги за деца и млади, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и изложби, камишибаи претстава и да бидат дел од едно поинакво искуство.

Фестивалот ќе се одвива на пет локации во Скопје: Младинскиот културен центар, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и нејзините централни објекти – библиотека „Другарче“ и библиотека „Цветан Димов“ (Чаир), како и новоотворената книжарница Чудна шума на улица Костурски херои бр. 19 (веднаш до Универзална сала).
Работилници ќе држат авторите и илустратори: Ирина Атанаскова, Небуше Ајети, Наташа Костовска, Билјана С. Црвенковска, Симона Јованоска, Алексеј Костовски, Нита Муча, Доротеј Нешовски…

Ќе се одржат промоции на книгите: „Sуница“ од Бранислав Николовски со илустрации на Иванка Ниба во издание на Едиција Светулка (промоцијата ќе вклучува и многу пеење, играње и забавни креативни активности за децата), потоа промоција и креативна работилница „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ на авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, со илустрации на Наталија Лукомска – книгата која беше прогласена за најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, како и читања и претставувања на уште неколку книги за деца и млади во издание на Чудна шума и Сказнувалка. Настаните ќе ги води и модерира Ана Јовковска.

Во рамки на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, на 5 јуни, понеделник и на 6 јуни, вторник, во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и нејзините централни објекти – библиотеката „Другарче“ и библиотеката „Цветан Димов“ (Чаир), организирани креативни работилници за деца од градинки и основни училишта ќе одржат писателката Билјана С. Црвенковска и уметниците Доротеј Нешовски, Небуше Ајети и Наташа Костовска.

„Книжевната и творечка манифестација за деца првпат се одржа минатата година, а годинешното издание е малку поинакво – фокусот е исклучиво на децата и сите содржини се наменети и прилагодени за нив“ – вели Билјана Црвенковска од Чудна шума. „Ќе имаме навистина одлични креативни работилници за деца од сите возрасти – ќе изработуваме и дизајни на маички со Небуше Ајети, кукли од чорапи со Наташа Костовска, ќе имаме првпат изложба на илустрации на разгледници, одлични промоции на книги за деца каде што повторно фокусот ќе биде на децата – ќе бидат забавни, ќе вклучуваат и пеење и интеракција… а во соработка со Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе имаме и организирани креативни работилници за деца од неколку основни училишта и градинки во Скопје.“

Настанот е поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура, Младинскиот културен центар во Скопје и Градската библиотека Браќа Миладиновци.

Програма на книжевната и творечка манифестација за деца „Млади европски приказни, млади креативци“:

30 мај, вторник (книжарница Чудна шума)
17:30 – 18:30 Мини-работилница „Let’s discover nature in the water“ / „Да го откриеме подводниот свет“ со писателката Билјана Црвенковска и Staedler
Возраст: 6+
Број на учесници: 6

31 мај, среда (плато пред МКЦ)

Промоции и читања:
17:00 – 18:00 Читање и креативна работилница „Приказна за малиот Уг“ со авторката и илустраторка Ирина Атанаскова
Возраст: 5+
Број на учесници: 15

18:00 – 19:00 Промоција на сликовницата „Sуница“ од Бранислав Николовски со илустрации на Иванка Ниба + креативен предизвик за деца, Едиција Светулка
Промотор: Ана Јовковска

19:00 – 20:00 Читање и креативна работилница „Како ги гледаме животните, како животните нѐ гледаат нас“ инспирирана од „Човекот каков е, секој гледа“ од М. Татушак и Г. Ригал, издавачка куќа Сказнувалка
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

Креативни работилници:
18:00 – 19:00 „Градот Вабу и потрагата на Нави“ креативна работилница со писателката Симона Јованоска и илустраторот Алексеј Костовски
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

18:00 – 19:00 Изработка на кукли од чорапи – креативна работилница со Наташа Костовска
Возраст: 5+
Број на учесници: 15

*Работилниците на платото во МКЦ се бесплатни и со ограничен број на учесници. Пријавувањето е задолжително на мејл: [email protected]

17:00 – 19:00 Изложба на илустрации-разгледници од познати илустратори на книги за деца

17:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Елена и Мирела

1 јуни, четврток (плато пред МКЦ)

Промоции и читања:
17:00 – 18:00 „Гатанки мали одговор им фали“ – читаме и погодуваме гатанки и освојуваме награди

18:00 – 19:00 Промоција на „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од Бистра Георгиева и Александар Трајковски, со илустрации на Наталија Лукомска и креативна работилница за деца
Промотор: Ана Јовковска
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

19:00 – 20:00 Камишибаи претстава „Приказна за Пикухенки“ инспирирана од „Пикухенки“ од Т. Телехен и М. Торнквист, издавачка куќа Сказнувалка
Креативни работилници:
17:00 – 18:00 Изработка/креирање на дизајни за маички – креативна работилница со Небуше Ајети
Возраст: 9-14
Број на учесници: 15

Креативни работилници:
18:00 – 19:00 Креативна работилница – цртање, сликање, боење – „Дали чудовиштата имаат чувства“ со Нита Муча
Возраст: 4+
Број на учесници: 15

*Работилниците на платото во МКЦ се бесплатни и со ограничен број на учесници. Пријавувањето е задолжително на мејл: [email protected]

17:00 – 19:00 Изложба на илустрации-разгледници од познати илустратори на книги за деца

17:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Елена и Мирела

3 јуни, сабота (книжарница Чудна шума)
12:00 – 13:00 Мини-работилница „Нела Смела и Бушавата бура“ – читаме, цртаме, размислуваме со писателката Билјана Црвенковска и Staedler
Возраст: 6+
Број на учесници: 6

Back to top button
Close