Младите на германската партија АфД набљудувани како десничарски екстремисти

Младинското крило на партијата Алтернатива за Германија (АфД) се набљудува од позиција на потврден десничарски екстремизам, надграден со сомнителен случај, соопшти денеска германската разузнавачка служба, јави ДПА.

Покрај групата, Јунге Алтернатива (ЈА), и две други групи – „Институтот за државна политика“ (АФС) и здружението „Еден процент“, исто така, се класифицирани на истото ниво, соопшти денеска Федералната канцеларија за заштита на Уставот (BfV), пренесе ДПА.

Трите здруженија од таканаречената Нова десница претходно беа набљудувани како сомнителни десничарски екстремистички случаи од страна на BfV.

-Веќе нема никакво сомневање дека трите здруженија извршуваат антиуставни потфати, соопшти претседателот на BfV, Томас Халденванг. „Затоа тие се класифицирани и обработени од BfV како потврдени десничарски екстремисти.

Во соопштението на BfV наведува дека „ЈА пропагира расен концепт на општеството заснован на основни биолошки претпоставки“, пренесе ДПА.

Back to top button
Close