„Монитор“: Околу 74 отсто од албанските компании планираат да ангажираат странци, што е највисоко ниво во регионот

Околу 74 отсто од албанските претприемачи се изјасниле дека планираат да вработуваат луѓе од странство, што е највисоко ниво во споредба со другите земји во регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

-Балканскиот барометар 2022 во истражувањето со бизнисите во регионот покажа дека албанските компании имаат најголем процент на позитивни одговори за ангажирање работници од странство. На прашањето „Колкава е веројатноста да вработите луѓе од странство“, околу 74 отсто од албанските компании одговориле „да“, додека во просек во целиот регион 47 отсто од компаниите тврделе дека најверојатно ќе вработат странци, стои во анализата на весникот „Монитор“.

Споредено со минатата година, кога само 32 отсто од албанските компании се изјасниле дека ќе вработат странци, годинава тој процент е повисок за 42 отсто, што е условено од недостиг на домашна работна сила поради иселувањето на младите, појава присутна на целиот Балкан.

-Овој тренд е во пораст, поради фактот што Албанија има највисоки стапки на иселување во однос на населението. Официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека во 2021 година нето имиграцијата достигнала 32 илјади лица, при што 80 отсто се на возраст под 34 години. Од друга страна, побарувачката за работна сила во некои сектори, како, туризмот, градежништвото и текстилната индустрија рапидно расте, поради проширувањето на дејноста, наведува весникот.

Исто така, се оценува, дека невработеноста од една страна и побарувачката за вработени од друга страна, во сите земји на Балканот, упатуваат и на „недостаток на визија за интегрирање на потребите на пазарот на труд со образованието“.

-Барањата за вработување од бизнисите обично се за позиции без квалификации, особено во Албанија, додека евидентираните невработени се во голема мера квалификувани, констатира Монитор во анализата. в

Back to top button
Close