Монтана е првата американска држава што го забрани Тик-ток

Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте, вчера потпиша закон со кој се забранува Тик-ток. Со тоа Монтана стана првата американска држава што ја забрани популарната апликација за кратки видео.

Монтана донесе закон за забрана на Тик-ток во средината на април. Законот беше прифатен со 54 гласа, 43 беа против, а законот сега е потпишан од републиканскиот гувернер на таа држава на северозападот на земјата, која има нешто повеќе од милион жители.

Гувернерот Џанфорте нагласи дека нацрт-законот ќе го унапреди заедничкиот приоритет за заштита на Монтана од надзорот на кинеската Комунистичка партија.

Новиот закон, кој ќе стапи на сила во јануари 2024 година, забранува работа на апликацијата Тик-ток во границите на Монтана. Законот наведува и можни казни од 10 000 долари дневно за прекршителите, вклучително и за продавниците за апликации. Казните нема да важат за корисниците.

Тик-ток, кој има над 150 милиони корисници во САД, се соочува со зголемени повици од американски законодавци и владини претставници да ја забранат апликацијата на национално ниво поради загриженоста за потенцијалното влијание на кинеската влада врз платформата.

Но, компанијата, која е во сопственост на кинеската технолошка компанија „Бајтденс“, негираше дека некогаш споделувала податоци со кинеската влада и рече дека нема да го стори тоа доколку биде побарано.

Се очекува оваа мерка, која треба да стапи во сила на почетокот на следната година, да биде правно оспорена

Back to top button
Close