Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на ковид-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен на Ковид – 19.

-Почитувани пријатели,
И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19. За среќа јас немам никаков симптом но сум позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција – напиша Зекири.

Back to top button
Close