МВР го обвинува обвинителот Коцевски дека ја искомпромитирал синоќешната акција за апсење на 7 полицајци

По еден од осомничените полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, полицијата се уште трага.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа за време на гостувањето на ТВ Телма соопшти дека пред да влезе на емисијата Топ тема бил известен дека е издаден налог и е во  тек полициска акција за приведување на нови седум полицајци, но со ограда дека нема повеќе информации дали се работи за полицајци кои за време на трагедијта во дискотеката биле на функции или  се работи за поранешни

Коцевски информацијата за полициската акција ја објави додека акцијата се уште траела, а од МВР за МКД.МК велат дека овој потег е компромитирачки за акцијата иако од МВР и досега објавувале за медиумите дека спроведуваат акција на приведување во моменти кога истата траела.

Овој пат полицијата на Тошковски сепак го обвинува дрѓавниот обвинител дека со тоа што каажал ја искомпромитирал акцијата и еден од седуммината полицајци неможат да го најдат и да го приведат.

Back to top button
Close