МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178.

фото: принтскрин / видео на „Тетово инфо“
фото: принтскрин / видео на „Тетово инфо“

Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеесет и девет возила се исклучени од сообраќај.

Back to top button
Close