МВР: Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче

– Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека се евидентирани три случаи на фотографирање на гласачкото ливче во штипско и Сопот и два случаи во Скопје во кои било скинато гласачкото ливче.

Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче, а истото го сторил и Г.Ј. (34) од село Тработивиште. Во 15:30 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 1680 во селото Сопот, Р.А. го фотографирал гласачкото ливче.

Во 15:40 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 2880 во Скопје, Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Тој е приведен и по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, а во 15:50 часот на избирачкото место бр.2783, од страна на Б.С. (48) било скинало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок

Back to top button
Close