МВР- утрово се запалила една од галиите во Вардар


Неколку часа по полноќ било пријавено дека настанал пожар на брод, информираа од Mинистерството за внатрешни работи,

Според полицијата, денес во 03:57 часо било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, сопственост на Град Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close