МЗ: Прв пресек oд скрининг во училиштата од 1323 тестирани само 6 ученици позитивни на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Северна Македонија.
Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови.
Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот. ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата.

Министерството за здравство информира дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на О2, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.
Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close