МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тенденциозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.

„МЖСПП ја информира јавноста, а особено спомената советничка која не е доволно информирана, дека набавката на овие автобуси е само една активност од акциската ЕУ програма за еколошки стандарди и чист воздух и е дел од целосната Програма за животна средина и климатска акација во рамки на ИПА 3 помошта од ЕУ. Активностите од оваа Програма се испрограмирани на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со сите вклучени страни, меѓу кои е и Градот Скопје, одобрени од Владата РСМ и прифатени од страна на ЕУ Комисијата за финансирање“ се вели во денешната реакција од Министерството.

Оттаму додаваат дека „програмата за чист воздух содржи повеќе компоненти за кои повеќе пати сме информирале, се спроведува под директно управување од страна на Делегацијата на Европската Унија. Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за следење на имплементацијата на Програмата и е корисник на истата, а конретно на оваа активност Градот Скопје е краен корисник“.

Нагласуваат дека „МЖСПП ги програмира сите активности што се финансираат ЕУ инструментот ИПА, ја следи имплементација и известува кон ЕУ Комисијата за постигнатите цели од реализација на ИПА проектите“.

„Добро би било советничката на Град Скопје Ирена Витина подобро да се информира пред да излезе во јавност со вакви невистини. Дополнително за нејзино информирање, покрај грант средствата од ЕУ, Владата на Република Северна Македонија обезбедува и национална контрибуција за целата Програма“ велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close