На аџилак заминаа 919 верници муслимани од Македонија

На аџилак годинава заминаа 919 верници муслимани од 13 муфтиства во нашава држава. Ова за Радио Слободна Европа го изјави претседателот на Исламската верска заедница во С. Македонија Хаџи Шакир еф. Фетаху кој додаде дека авионското патување кон светите исламски места во Саудиска Арабија во Мека и Медина е реализирано последните три дена со пет авиони на Саудиска Арабија од Скопје до Џеда.

Како што пренесува нашиот дописник од Дебар, Кенан Мимидиновски, сите верници муслимани биле сместени се без проблеми и ги започнале верските исламски обреди потребни за остварување на хаџот кој е петти столб во Исламот.

Шакир еф. Фетаху рече дека почитувани се сите критериуми за патување на хаџ поставени од страна на министерството за Хаџ на Саудиска Арабија, а претходно се извршени и потребните вакцинирања на верниците муслимани.

Според утврдените критериуми оваа година верниците кои патуваат на хаџ не треба да бидат над 65 години, да ги имаат промени најмалку две вакцини против Ковид 19 и 72 часа пред патувањето да имаат реализирано ПЦР тест.

И оваа година како и претходните две години има ограничување на бројот на верници муслимани кои патуваат на Хаџ поради пандемијата Ковид 19.

Аџилак или хаџ е одење на муслиманите на поклонение во Мека и други околни свети места, а претставува еден петте столбови на исламот.

 

Back to top button
Close