Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле 26,2 милијарди долари
Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле вкупно 26,2 милијарди долари, покажува актуелниот индекс на милијардери на Блумберг.
Најголем пораст на богатството од јануари до август забележал поранешниот сопственик на компанијата „Еурохем“ Андреј Мелниченко, бидејќи вредноста на неговиот имот се зголемила за 6,37 милијарди долари на 25,2 милијарди долари.
Мелниченко е само шестиот најбогат Русин на листата, а еден од главните сопственици на Норникелј, Владимир Потанин, има најголемо богатство.
Од почетокот на годината, богатството на Потанин порасна за 498 милиони долари на 31,6 милијарди долари.
На второ место е косопственикот на ЛУКОИЛ, Вагит Алекперов, чие богатство се зголеми за 3,24 милијарди долари на 27,9 милијарди долари.
Капиталот на првиот човек на компанијата за производство на челик НЛМК, Владимир Лисин, се зголеми за 3,05 милијарди долари на 27 милијарди долари.
Блумберг за прв пат го додаде основачот на Телеграм, Павел Дуров на листата. Агенцијата го процени вкупното богатство на Дуров на 9,15 милијарди долари, што го прави 17-ти на листата на најбогати Руси.