На инфективните оддели се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19

– На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19. Има околу 559 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 129 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 211 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало девет приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 20 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид – центарот во Гостивар седум, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациенти, во Кочани седум, во Кичево девет, Кавадарци седум, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Back to top button
Close