Најмалку 18 загинати и 40 повредени во пожарот во складиште за гориво во Џакарта, се трага по 16 лица

Индонезиските спасувачи и пожарникари денеска трагаат по 16 лица кои се водат како исчезнати под урнатините на јагленисани куќи и згради, откако во големиот пожар што синоќа се прошири од складиште за гориво во Џакарта загинаа најмалку 18 лица, а 40 се повредени, од кои некои се во критична состојба.

Шефот на индонезиската полиција Листјо Сигит Прабово изјави дека повеќе од 1.300 луѓе се раселени и се сместени во 10 владини канцеларии, командното место на Црвениот крст и спортскиот стадион.

Околу 260 пожарникари со 52 противпожарни возила го изгаснаа пожарот нешто повеќе од два часа по неговото избувнување, соопштија пожарникарите.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close