Најмалку 48 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија
Најмалку 48 лица загинаа денеска во Нигерија во експлозија на цистерна со гориво.
Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека цистерната експлодирала кога се судрила со друг камион што превезувал луѓе и добиток.
Портпаролот на агенцијата Хусаини Ибрахим соопшти дека бројот на загинати е 48, а официјалните лица се уште се обидуваат да го расчистат местото на инцидентот.
Нигериската државна компанија NNPC Ltd минатата недела ја зголеми цената на бензинот за најмалку 39 отсто, што е второ големо зголемување во една година. Сепак, се уште има недостиг на бензин, па возачите чекаат во редици со часови.