На масовниот убиец од Младеновац и неговиот татко им е забрането да располагаат со својот имот

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Смедерево донесе повеќе решенија со кои на осомничениот за масовно убиство во околината на Младеновац Урош Блажиќ, неговиот татко Радиша Блажиќ и вујко Горан Гавриловиќ им се забранува да располагаат со својот имот, поточно патнички моторни возила во нивна сопственост, како и средства од банкарски сметки.
Според адвокатите на оштетеното семејство Паниќ од Дубона, Иван Милосављевиќ и Милош Муниќ, тоа е направено затоа што осомничените се под истрага, за да се елиминира отуѓување и прикривање на имот и да се избегне имотна одговорност кон оштетените.






