На свадба на Косово убиен вујкото на сопругот на претседателката, Вјоса Османи

Во свадбената сала во селото Бибај во општина Урошевац во Косово, вчера попладне е убиен вујкото на сопругот на претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Косовските медиуми јавија дека убиениот е припадник на косовската полиција.

Според нив, жртвата е Садри Садриу, кој бил застрелан со пиштол пред ресторан каде се одржувала семејна веселба. Жртвата дошла да присуствува на свадбата на внук. Убиецот сам се пријавил во полиција и го предал службениот пиштол од кој пукал.

Обвинителството на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 48 часа.

Back to top button
Close