Народната банка нема детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем
Народната банка нема детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.
Според Ангеловска-Бежоска, Народната банка воопшто не била вклучена во овој процес и затоа неможе да даде подетални информации.
„Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став“,
рече денеска Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.
Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг.