Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката

Народната банка поднела кривична пријава за предизвикување стечај на банка до Јавното обвинителство против поранешни одговорни лица Еуростандард банка, соопштија оттаму.

Без да објавуваат детали, од Народната банка наведуваат и дека предложиле и мерки за заштита на интересите на доверителите.

„Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумција на невиност, во овој момент Народната банка не би можела да сподели подетални информации“,

велат од банката.
Народната банка во август ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа.

Back to top button
Close