Не изгледам совршено, но внимавам да бидам пристојно облечена, вели Славјанка Петровска, најозборуваната министерка на социјалните мрежи
Не изгледам совршено, но внимавам да бидам пристојно облечена, вели Славјанка Петровска, најозборуваната министерка на социјалните мрежи
Сето тоа е дел од хибридните напади“, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска за ММС која веќе извесен период е жртва на потсмев на социјалните мрежи.
Секоја нејзина изјава е пречекувана на нож, недолично коментирана, што секој би помислил дека станува збор за организирано омаловажување на работата на министерката и нејзиниот лик.
Што мисли минстерката за овие напади против неа, дали смета дека е нечија цел и од која кујна би можеле да бидат ММС ја праша, бидејќи досега на сите напади таа достоинствено одмолчи.
-Од каде и да доаѓа и која и да е причината, бидете сигурни дека нема да ме поколеба да ја извршувам оваа позиција. Сето тоа е дел од хибридните напади. Јас жалам што гледам обиди да се поткопа угледот на сопствената држава со неосновани критики како што е последната кога дел од порталите реагираа зошто не била изведена химната на државата при мојата посета на Обединетото Кралство, а да не се подвлече честа што ни е укажана како држава да се отсвири нашата традиционална песна. Најмал обид за информирање пред да се објават критиките води кон информацијата дека британскиот протокол кој е еднаков за сите гости од странство, предвидува изведување на државна химна само кога во посета на Обединетото кралство оди шеф на држава. Церемонијата за пречек беше во знак на почит кон нашата држава и кон мене како министерка и затоа сум му благодарна на мојот домаќин, министерот за одбрана Бен Валас, ни рече министерката.
Критичките коментари по посетата на министерката на Обединетото кралство не беа само за химната, за кое објаснување даде дури и британската амбасада во Скопје, туку и за нејзиниот начин на облекување.
Преземено од ММС.мк