Не сакам ни да го видам ни да го слушнам. Еве како реагирала мајката на детето убиец по неговиот исказ.

Детето убиец кој на 3 мај годинава во основното училиште Владислав Риникар на Врачар во Белград уби десет соученици и чуварот на училиштето,крвавиот при го направил за да ја натера мајкаму да страда, објавуваат медиумите во Србија повикувајќи се на извори од истрагата.

Истражителите во ниеден момент не виделе кај убиецот Коста Кецманович ни трошка каење а на крај се отворил и изустил неколку реченици.

На истражителите им рекол дека му е жал што не може да види како мајкаму пати и како реагирала кога слушнала пто направил.

Мајката на детето убиец не сака ни да го види ни да го слушне нејзиниот син.

Таа нема желба да го погледне со очи, не сака да го види откако го направил тоа, иако е се уште во шок знае дека не сака да застане пред нејзиниот син а и не сака да слушне ништо за него. Едноставно не ја интересира што тој има да каже, раскажала пријателка на најката на детето убиец.

Целосно се изолира вели нејзината пријателка, не се слуша ни со пријателите ни со колегите од работа.Свесна е дека нејзиниот син направил најголем злосторство во историјата на Србија и едно од најтешките во светот раскажала нејзината пријтелка.

Мајката на Коста е научна истражувачка и професорка на Белградскиот факултет за биологија а татко му кој е во притвор е виден лекар радиолог.

 

Back to top button
Close