„Не сакаме да ве плаќаме со илјадници евра, сите да си дадете оставка“ – побараа родителите на загинатите пред Собранието, а внатре се одвива интерпелацијата за Тошковски

Родителите на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се пред Собранието каде бараат да излезат пратениците или нивните служби и да им одговорат на нивните прашања. Повеќемина од нив побараа оставки од сите пратеници бидејќи како што изјавија „не сакаат да ги плаќаат со илјадници евра“. Навредени се што никој не излезе да разговара со нив. Ги прозваа и медиумите што не биле присутни во Кочани на минатите маршови во Кочани.

Срам да ви е! Ги повикувам сите пратеници од опозицијата и власта. Не сакаме да ве плаќаме со стотици милиони евра. Тошковски ти си најодговорен за ова, ти го лажеше целиот народ дека ќе се справиш со криминалот заедно со партиското јавно обвинителство. Под итно отказ и гитла дома. Не лажеше за криминалите што ги правеле твоите претходници. Кај се тие криминали? Уапси ли некого? Дали се уапсени твоите началници во Кочани и Штип? Отказ! И ти си криминалец. Од која дата ќе почнете со одговорност? Бидејќи инспекциите не биле во ваше време. Се е лажно, узурпатори на нашите институции, одма надвор отказ! Сите до еден и позиција и опозиција. Не не плашите со полицајци и тие се со нас, рече еден од родителите.

Повеќе

Back to top button
Close