Нека се држат до Уставот и нема да згрешат – порака на Сиљановска-Давкова до уставните судии во врска со Законот за јазиците

Нека се држат до Уставот и нема да згрешат – рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упатувајќи им порака на уставните судии при носењето на одлуката за Законот за употреба на јазиците. Претседателката рече дека не сака да влијае врз Уставниот суд, но им порача да се држат и да го бранат Уставот и да бидат храбри.

Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на С Македонија / Фото: Архива

„Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат“,изјави Сиљановска-Давкова, одговарајќи новинарски прашања на денешната прес-конференција по отворањето на тркалезната маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставен суд?”, денеска во Уставниот суд.

Уставниот суд на седницата одржана на 11 декември 2024 година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Седницата беше закажана на 20 март, но се одложи поради трагедијата во Кочани.

Back to top button
Close