Некои руски училишта воведуваат кревање знаме пред почеток на настава

 Учениците во руската област Вороњеж од понеделник ќе ги започнат деновите со кревање на руското знаме, изјави регионалниот гувернер Александар Гусев.

– Во овој момент е многу важно на нашите деца да им ги всадиме вистинските идеи за татковината и да го негуваме во нив почитувањето на вредностите на својата земја. Мислам дека тука ништо посебно не треба да се објаснува, објави Гусев на Телеграм.

Властите во регионот Калуга неодамна најавија слична иницијатива.

Знамето на Русија ќе биде кренато во Калуга во понеделник, на 18 април, во училиштето број 45 пред да започне наставата, а за тоа време ќе се свири и националната химна, најави гувернерот на областа Калуга, Владислав Шапша.

– Понатаму, оваа пракса ќе ја воведеме во сите училишта во регионот. Секоја недела во понеделник. Ова е правилна одлука. И за децата и за возрасните, рече Шапша.

Back to top button
Close